• сабота, 23 ноември 2024

СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана

СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана
Вашингтон, 24 ноември 2022 (МИА) - Речиси  40 милиони деца во светот ја пропуштиле вакцината против сипаници во 2021 година поради тешкотиите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, се наведува во заедничкиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). - И додека случаите на сипаници не се зголемат драматично во споредба со изминатите години, сега е време да се дејствува, изјави експертот за морбили во СЗО, Патрик О'Конор. Тој додаде дека се уште нема експлозија на заразени со сипаници е поради социјалното дистанцирање и цикличната природа на морбилите. Сипаниците се еден од најзаразните човечки вируси што речиси целосно може да се спречи со вакцинација. Сепак, 95 проценти покриеност со вакцинација е потребна за да се спречи појава на вирусот меѓу населението. ми/

Остани поврзан