• сабота, 23 ноември 2024

СЗО: Дневен рекорд на новозаболени лица со Ковид-19 во светот

СЗО: Дневен рекорд на новозаболени лица со Ковид-19 во светот
Женева, 31 јули 2020 (МИА) - Светска здравствена организација соопшти дека денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 - 292.527 лица. Најголем пораст на инфицирани со новиот коронавирус има во САД, а потоа следат Бразил, Иднија и Јужна Африка. Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починале 6.812 луѓе. Претходниот рекорден број на новозабоени над 284.000 беше пријавен на 24 јули. Речиси 40 држави минатата недела пријавија рекорден раст на новозаболени лица на дневно ниво. ми/  

Остани поврзан