• сабота, 23 ноември 2024

СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на вирусот

СЗО го одложи објавувањето на извештајот за потеклото на вирусот
Женева, 16 март 2021 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека долго очекуваниот извештај на нејзините експерти кои го истражувале потеклото на коронавирусот во Кина сè уште не е готов и дека „веројатно“ ќе биде објавен следната недела. Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, на прес-конференција во Женева, рече дека извештајот „едноставно не е подготвен“ и дека членовите на тимот кои работеле со кинески официјални лица на нацртот „сакаат да го направат тоа како што треба“. Линдмаер рече дека очекува извештајот, според она што го слушнал од членовите на стручниот тим, најверојатно да биде објавен следната недела. СЗО претходно планираше прво да објави резиме на извештајот, а подоцна и подолга, подетална верзија. Во меѓувреме, идејата беше напуштена и беше одлучено да се објави еден документ. Питер Бен Ембарек, шеф на истражувачката мисија на СЗО, на почетокот на овој месец најави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март. паг/  

Остани поврзан