• вторник, 19 ноември 2024

СЗО ги повика богатите земји да не порачуваат дополнителни вакцини

СЗО ги повика богатите земји да не порачуваат дополнителни вакцини
Женева, 12 јули 2021 (МИА) - Богатите земји не треба да нарачуваат дополнителни дози на вакцини за нивната вакцинирана популација, додека другите земји сè уште немаат примено вакцини против Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека бројот на жртвите во пандемијата на коронавирусот повторно се зголемува, варијантата Делта станува доминантна и многу земји сè уште немаат добиено доволно дози на вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници. - Варијантата Делта се шири низ светот со застрашувачка брзина, што доведува до нов пораст на инфекции со Ковид-19 и смртни случаи, рече Тедрос, истакнувајќи дека е многу заразна варијанта, најнапред откриена во Индија, а сега во повеќе од 104 земји. Тој смета дека глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е крајно „нерамномерен и неправеден“. - Некои земји и региони всушност нарачуваат милиони дополнителни дози пред другите земји да обезбедат за да ги вакцинираат своите здравствени работници и најранливите, предупреди Тедрос. Тој ги издвои производителите на вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ како компании кои имаат за цел да обезбедат дополнителни вакцини на земјите кои веќе имаат висока стапка на вакцинација. - Наместо тоа, тие треба да ги пренасочат своите дози кон Ковакс програмата за дистрибуција на
„Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ минатата недела најавија дека ќе побараат одобрување од европските и американските регулатори за вакцинација за трета доза што ќе го зајакне имунитетот шест месеци по вакцинацијата. паг/
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан