• вторник, 12 ноември 2024

СЗО вели дека изгубила контакт со болничкиот персонал во северна Газа

СЗО вели дека изгубила контакт со болничкиот персонал во северна Газа

Газа, 25 октомври 2024 (МИА) – Светската здравствена организација соопшти дека изгубила контакт со персоналот во последната функционална болница во северна Газа, откако израелската армија соопшти дека дејствува во областа.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека стотици пациенти и персонал се задржани во болницата Камал Адван.

- Од извештаите утринава за рација на болницата Камал Адван во северна Газа, изгубивме контакт со персоналот таму, соопшти шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на X.

- Овој развој е длабоко вознемирувачки, со оглед на бројот на пациенти кои се опслужуваат и луѓе кои се засолнуваат таму, додаде тој.

Израелската војска претходно соопшти дека дејствува во болницата поради „разузнавачки информации за терористи и терористичката инфраструктура во областа“.

Во неделите пред операцијата, ИДФ вели дека овозможила евакуација на пациентите и персоналот од болницата, а истовремено се осигурала дека системите за итни случаи на медицинскиот центар продолжуваат да функционираат. јт/

 

Остани поврзан