• сабота, 23 ноември 2024

Се чистат од песок и прашина улиците и тротоарите во Македонски Брод

Се чистат од песок и прашина улиците и тротоарите во Македонски Брод

Кичево 21 март 2022 (МИА) - Денот на екологијата и првиот Ден на пролетта во Македонски Брод беа одбележани со чистење на песокот и прашината од централните улици во градот. Дополнително, во текот на попладневните часови бродските улици ќе бидат измиени со вода од страна на екипи на ТППЕ - Македонски Брод.

- За да го одбележиме Денот на екологијата и Денот на пролетта, во соработка со комуналното претпријатие спроведовме еколошка акција за целосно отстранување на песокот и прашината од централните градски улици, што беше наталожено по снежните врнежи во текот на зимата, рече градоначалникот Жарко Ристески и посочи дека денешното чистење на улиците ќе финишира со нивно миење со вода од страна на екипи на ТППЕ Македонски Брод.

Тој додаде дека откако целосно ќе заврши чистењето на централните улици во градот, во текот на попладневните часови екипи од Територијалната против пожарна единица со свои возила ќе извршат генерално миење на сите главни сообраќајници. - Овој зафат очекуваме да биде завршен до крајот на денешниот ден, по што ќе им обезбедиме на нашите сограѓани да имаат чист град погоден за прошетки и престој на отворено, додаде Ристески. за/ар/

Остани поврзан