• недела, 01 септември 2024

Се чистат одводните канали во Македонска Каменица и селските средини

Се чистат одводните канали во Македонска Каменица и селските средини
Македонска Каменица, 19 октомври 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек е акција за чистење на одводните канали на повеќе локации во градот и населените места. Активностите ги реализираат екипи на Јавното комунално претпријатие „Камена Река", а во работите, како што информираа оттаму, е вклучена и градежна механизација. - Со вклучена крупна механизација, работиме на отстранување на атмосферскиот талог од отворените одводни канали во урбаниот дел од градот. Исто така, екипите за хортикултурно уредување на јавните зелени површини, започнаа со засадување на сезонско цвеќе. Сите засадени садници на есенско цвеќе ги произведе ЈП Камена Река, информираа од претпријатието. Паралелно со овие активности, додадоа, се работи и на подобрување на хигиената на уличната мрежа во градот и населените места. -Јавното претпријатие „Камена Река" започна и со редовно чистење и перење на најфрекфентните улици во централното градско подрачје и периферните делови на Македонска Каменица. Свои редовни активности имаа и екипите за комунални работи, кои извршија санација на неколку дефекти од примарната и секундарната водоводна мрежа, додадоа од претпријатието. Со вакви и слични активности, дополнија, екипи на претпријатието ќе продолжат и во наредниот период. вс/цр

Остани поврзан