• сабота, 27 јули 2024

Се чистат дивите депонии во општина Кавадарци

Се чистат дивите депонии во општина Кавадарци
Кавадарци, 7 јуни 2022 (МИА) - Во тек е чистење на диви депонии на неколку локации на потегот од регионалниот пат Кавадарци - Прилеп до депонија Мелци. -На терен во должина од 750 метри,  се чисти количина од 150 кубни метри градежен материјал, кабаст отпад и други видови на отпад, кој е исфрлен од несовесни граѓани на општината Кавадарци и околните села, информираа денеска од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец". Апелираат до жителите на општина Кавадарци во иднина отпадот да не го исфрлаат на патот кон депонијата, туку да го однесат на самата депонија, каде депонирањето е  бесплатно.свд/лв/  

Остани поврзан