Се чистат атмосферските канали во Штип
- Двапати годишно се чистат атмосферските канали на територија на Штип, но и вонредно се прават контроли со цел навремено да се спречат поголеми поплави во градот Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели дека од утринава екипи на претпријатие се на терен и работат на расчистување на улиците по вчерашното невреме кое го зафати Штип. Стефановски вели дека се исчистени каналите во населба Осми Ноември, како и кај училиштето „Тошо Арсов“.
Штип, 6 јули 2023 (МИА) - Двапати годишно се чистат атмосферските канали на територија на Штип, но и вонредно се прават контроли со цел навремено да се спречат поголеми поплави во градот Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски вели дека од утринава екипи на претпријатие се на терен и работат на расчистување на улиците по вчерашното невреме кое го зафати Штип. Стефановски вели дека се исчистени каналите во населба Осми Ноември, како и кај училиштето „Тошо Арсов“.
-Јавното претпријатие „Стипион“ врши редовно одржување на атмосферските канали двапати годишно, во месеците март и април, и околу месец октомрви како и периодични проверки за состојбата во која се наоѓаат атмосферските канали и вонредни интервенции, по реакции на граѓани. Сакам да напомена дека изминатиот период изобилуваше со многу врнежи, а со тоа и вегетацијата е многу погуста и опасноста од наноси и запушувања е многу поголема. Затоа од почетокот на оваа недела излеговме на терен и направивме вонредна контрола на атмосферските канали и започнавме да интервенираме на места на кои тоа беше потребно, вели Стефановски.
Посочи дека со сите расположливи ресурси ќе се работи и наредните денови, со цел доколку дојде до пообилни врнежи од дожд граѓаните и градот да не се соочат со поплави заради неисчистени канали и атмосферски решетки.
-Ние работиме со сите расположливи средства да ги предвидиме сите несакани последници, ќе работиме на превенција, со цел ова да не се појави ако има нови врнежи од дожд, додава Стефановски.
Граѓаните денеска во Општина Штип може да пријавуваат и штети по вчерашното невреме. вдј/сст/
Фото МИА