Се уште активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
- Се уште е активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка. За останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), информира АМСМ.

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Се уште е активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка. За останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), информира АМСМ.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, од утре ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино). Поради тоа сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.
АМСМ потсетува дека патниот правец Крушево - село Долно Дивјаци - село Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 4 април 2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај, а може да се користи регионалниот пат село Пуста Река - Крушево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/дма/
Фото: МИА архива