• петок, 27 декември 2024

Се урна руски хеликоптер „МИ-8“ со работници во рудник, двајца загинаа

Се урна руски хеликоптер „МИ-8“ со работници во рудник, двајца загинаа

Москва, 14 март 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа кога утринава се урна руски хеликоптер Ми-8 со работници во областа Магадан, соопштија од итните служби.

„Хеликоптерот Ми-8 превезуваше 20 работници од еден од рудниците во регионот Магадан. Се урна. Две лица загинаа, а судбината на другите не е позната“, соопшти службата за итни случаи.

Главните причини за несреќата се технички дефект и грешка на пилотот при тешки временски услови.

Според прелиминарните податоци, при изнесувањето на работниците во областа на несреќата имало тешки временски услови, па опремата не издржала, а се размислува и за човечкиот фактор, прецизираат од Итната помош. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан