• четврток, 26 декември 2024

Се урна руски воен транспортер, кој превезувал 65 украински заробеници

Се урна руски воен транспортер, кој превезувал 65 украински заробеници

Москва, 24 јануари 2024 (МИА) - Русија денеска соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина, јави Би-Би-Си.

„Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека е информиран за „инцидентот“, но не даде дополнителни детали.

Видеото споделено на социјалните мрежи покажува како авион понира во близина на селото Јаблоново проследен со експлозија, околу 11:00 часот по локално време (08:00 часот по Гринич).

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знае за несреќата, но одби да навлезе во детали, истакнува Би-Би-Си. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан