• сабота, 23 ноември 2024

Се урна мал авион близу Париз, четири лица загинаа

Се урна мал авион близу Париз, четири лица загинаа
Париз, 18 април 2021 (МИА) - Четири лица загинаа откако попладнево се урна мал авион источно од Париз, јавија локалните медиуми. Авионот, еднокрилец „Робин ДР400“, бил пронајден околу 14:00 часот во поле близу комуната Сент Патуис. Почната е судска истрага за утврдување на околностите околу инцидентот. „Робин ДР400“ е дрвен спортски моноплан кој првпат полета во 1972 година, но продолжува да се произведува. Има шасија со три тркала и може да носи четири лица. Моделот се смета за релативно лесен за пилотирање. Исто така е многу тивот при лет благодарение на неговата дрвена рамка. ссм/

Остани поврзан