• среда, 25 декември 2024

Се урна воен авион во Тверската област во Русија

Се урна воен авион во Тверската област во Русија
Москва, 22 септември 2020 (МИА) - Воен авион Су-30 се урна во Тверската област во Русија, објави прес-службата на Западниот воен округ. „На 22 септември, авион Су-30 на Западниот воен округ се урна во Тверската област за време на планираната обука“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС. Екипажот на авионот успешно се катапултирал и контактирал со базата по слетувањето, соопшти прес-службата, додавајќи дека авионот паднал во шумата и дека немало никакво уништување на местото на несреќата. ссм/

Остани поврзан