• недела, 24 ноември 2024

Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река" во Пехчево

Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река
Пехчево, 27 јуни 2020 (МИА) - Во Пехчево се уредува излетничкото место кај туристичката населба „Равна Река". Во акцијата, како што информираат од општината се вклучени 20 вработени, и со неа се опфатени чистење на отпадот и замена на дотрената урбана опрема.
-Со цел да го сочуваме природниот потенцијал решивме да спроведеме акција за чистење на локалитетот. Во рамки на акцијата која поради топлото време се спроведува во раните часови, се уредуваше обраснатата вегетација околу излетничкото место, се заменуваше дел од дотраената урбана опрема, а се чистеше и околниот отпад, информираа од општината.
Оттаму посочија дека наскоро ќе се отстранат дотраените мостови и патеки, кои водат до околните водопади.
-Со цел да понудиме повеќе атракции за туристите, предвидено е поставување дрвени мостови, друга инфраструктура и опрема, каде ќе понудиме простор и за одмор и рекреација на надморска височина од над 1.600 метри, истакнаа надлежните.
Претходно, вработените заедно со екипи на Јавното претпријатие „Комуналец" ги чистеа обраснатите тревни површини долж патниот правец кој води до локалитетот Равна Река.вс/бт/

Остани поврзан