• недела, 24 ноември 2024

Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча
Струмица, 30 мај 2020 (МИА) - Општина Струмица почна со уредување на околината на манастирскиот комплекс во Водоча, со цел создавање модерно уреден простор со естетски карактеристики соодветни на значењето на самиот објект. Како шт информира градоначалникот Коста Јаневски, манастирската црква „Свети Леонтиј“ во Водоча е еден од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица. -Комплексот освен што е историски белег на Струмица од 6 век, истовремено е и македонски православен христијански манастир, археолошко наоѓалиште и седиште на Струмичката епархија. Токму поради овие причини инвестираме во уредување на околината на манастирскиот комплекс, дополни Јаневски. Целокупниот простор ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хоритултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема. -Целта на сите овие активности е создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики околу манастирот „Свети Леонтиј”, кои ќе придонесат за помасовна посета од домашни и странски туристи, имајки во предвид дека манастирот е една од најчесто посетените локации во Струмичкиот регион. Овие активности ќе придонесат и за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од селото Водоча, додаде градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Средствата се целосно обезбедени од грант од Европската Унија, ИПА програма за прекугранична соработка, а вкупната вредност на градежните работи е околу девет милиони денари.рт/бт/

Остани поврзан