• сабота, 23 ноември 2024

Се уредува просторот околу зафатот за вода на местото Јуручки Гробишта во Македонска Каменица

Се уредува просторот околу зафатот за вода на местото Јуручки Гробишта во Македонска Каменица

Делчево, 28 октомври 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица се уредува просторот околу зафатот за вода на местото Јуручки Гробишта. Активноста како што соопшти денеска градоначалникот Димчо Атанасовски се реализира благодарение на успешната соработка помеѓу Јавното претпријатие Камена Река – Македонска Каменица и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, со поддршката на USAID.

-Започнавме активности за реализација на проектот за уредување на просторот околу зафатот за вода на местото Јуручки гробишта. Оваа инвестиција, дел од проектот „Направи разлика“, претставува уште еден чекор напред кон подобрување на условите за живот во нашата општина. Граѓаните, во иднина ќе имаат почиста, безбедна и здрава вода за пиење, соопшти Атанасовски.

Активностите, како што додаде се во насока на подобро здравје на граѓаните.

-Ве уверувам дека со посветено работење, ќе постигнеме значителни резултати кон подобрување на здравјето и благосостојбата на сите граѓани на општина Македонска Каменица и успееме да поставиме темели за одржлив и забрзан развој на нашата заедница, додаде Атанасовски. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица 

Остани поврзан