• недела, 24 ноември 2024

Се уредува дворот на новата зграда на училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче

Се уредува дворот на новата зграда на училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче
Скопје, 5 ноем,ври 2020 (МИА) - Од Општина Аеродром информираат дека се уредува дворот на новата зграда на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. Интензивно се работи на новиот објект на училиштето  и сè се одвива според предвидената динамика. - Моментално се поплочува дворот на објектот со павер-елементи, по што ќе бидат поставени клупи за седење, како и друга урбана опрема. Исто така, интензивно се работи и на внатрешноста на објектот. Првата фаза ќе заврши до Нова година, а целиот објект ќе биде готов идната година, информираат од општинската прес-служба. Новата училишна зграда е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици. Ќе биде опремена со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.фф/

Остани поврзан