• среда, 13 ноември 2024

Се уредуваат патеките и детското игралиште покрај велешко езеро „Младост“

Се уредуваат патеките и детското игралиште покрај велешко езеро „Младост“
Велес, 11 мај 2022 (МИА) - Екипи на ЈКП „Дервен“ продолжуваат со  активности за уредување на пешачката патека долж езерото „Младост“, како и на детското игралиште. Изминатата недела се исчистени и уредени пристапните патеки и летниковците покрај езерото „Младост“, кое е посетено во сите годишни времиња, посебно за викендите кога е преполно со посетители и рекреативци од Велес, Скопје, Прилеп, Куманово, Свети Николе и други градови од земјава ,а има и странски туристи. Со изградбата на објекти од проектот финансиран од  ЕУ „Смарт Езеро „Младост“, во што се вклучени и паметни клупи за полнење на мобилни телефони, велосипеди на струја и други реквизити, за најмладите посебно е интересен Паркот на авантури и „Паркот на срцата“. ад/цр

Остани поврзан