• четврток, 26 декември 2024

Се уредуваат влезовите на станбените згради на штипската улица „Широк дол“

Се уредуваат влезовите на станбените згради на штипската улица „Широк дол“

Штип, 21 август 2024 (МИА) - Општина Штип од денеска почна со реализација на инфраструктурниот проект, каде е опфатено уредување на влезовите пред станбените згради на улицата „Широк дол“, а наредните денови и асфалтирање на истата улица во населба Автокоманда. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека на површините пред станбените згради ќе се нанесува асфалтна маса, бидејќи од самата изградба, истите не се третирани, ниту пак уредени.

- Овде се продолжува со уредувањето на влезови пред станбени згради, ќе се нанесува асфалтна маса на површини, што морам да истакнам дека, откако се изградени овие објекти и станбени згради, никогаш досега не се истретирани. Со поставување асфалтна маса ќе се овозможи уредување на овие пристапи, овие платоа и површини пред станбените згради, појасни Јорданов.

Временските неприлики и дождовите го одложија асфалтирањето на улицата „Широк дол“, но Јорданов рече дека со подобрување на времето и оваа улица ќе се реконструира.

- Веќе во наредните денови во населбата Автокоманда можам така да најавам, дека ќе се асфалтира улицата „Широк дол“, што заради врнежите од дожд, одложено е асфалтирањето за неколку дена. Продолжуваме со активности и во другите населби во однос на уредувањето на пристапни влезови на станбените згради. Се работи во населба Сењак, Осми ноември, еве и во населба Автокоманда, соопшти Јорданов.

Градоначалникот на денешната прес-конференција додаде дека секојневно пристигнуваат барања од страна на граѓаните за интервенции во населбите. Бидејќи располагаат со ограничени ресурси, тој замоли граѓаните да бидат трпеливи, а проблемите, како што рече, ќе бидат решени. вдј/бд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан