• сабота, 27 јули 2024

Се тампонира пристапен пат до Тимјаничка цуцка, Неготинско 

Се тампонира пристапен пат до Тимјаничка цуцка, Неготинско 

Неготино, 18 јули 2024 (МИА) - Во тек се градежни активности за санирање и тампонирање на пристапен пат до Тимјаничка цуцка во должина од 600 метри и со ширина од три метри, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Средствата потребни за извршување на градежните работи во висина од 719.717 денари со вклучен ДДВ се обезбедени во соработка со Вардарскиот плански регион. Изведувач на работите е Градба промет, соопшти Стојанов. 

Тој нагласи дека ова е од особена важност за сите што гравитираат кон овој дел на општината Неготино. свд/мд/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан