• среда, 27 ноември 2024

Се тампонираат патишта до земјоделски површини во Росоман

Се тампонираат патишта до земјоделски површини во Росоман
Росоман, 9 септември 2020 (МИА) - Почна реализацијата на проектот за тампонирање на пристапни патишта до земјоделско обработливи површини во општина Росоман. Активностите опфаќаат тампонирање на три полски патишта. Проектот е преку Центарот за развој на Вардарски плански регион,  а финансиран од страна на Министерството за земјоделство. -Росоман е земјоделски крај, меѓу другото најголем производител на праски во државата. Затоа од големо значење за земјоделците е уредувањето на пристапните патишта до нивните земјоделски површини. Бидејќи неуредените патишта создаваат многу проблеми, особено при дождови, изјавија за МИА од Службата за односи со јавноста при општина Росоман. Оттаму нагласија дека со тампонирањето на полските патишта, меѓу другото се олеснува и транспортот на земјоделски производи, нешто што е многу актуелно во моментов, кога е сезона на берба на грозјето од годинашнава реколта.свд/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан