• четврток, 26 декември 2024

Се снима продолжение на „Луди '70-ти“

Се снима продолжение на „Луди '70-ти“

Лос Анџелес, 26 јули 2022 (МИА) - Минаа повеќе од 15 години од крајот на хумористичната серија „Луди '70-ти“ (That ’70's Show), но Нетфликс има добри вести за обожавателите - се снима продолжението под наслов „Луди '90-ти“ (That ’90's Show). Дел од старите глумци ќе се појават како епизодни улоги.

- Беше навистина носталгично да бидам на таа сцена... Истите луѓе, сите што го направија „Луди '70-ти“ - тоа беше „прилично бизарно“, изјави Ештон Кучер. Во новото шоу „Луди '90-ти“, ќе глуми и украинско-американската глумица Мила Кунис, која му беше девојка на Кучер во оригиналната серија, а денес се сопружници во вистинскиот живот. Тој даде и неколку охрабрувачки зборови за новата екипа. - Навистина беше смешно. Новата актерска екипа е феноменална!, изјави тој. „Луди '90-ти“ Ја следи ќерката на Ерик (Тофер Грејс) и Дона (Лора Препон), - Леја Форман (ја глуми Кали Хаверда) која ги посетува нејзините баба и дедо налето. Куртвуд Смит и Дебора Џо Руп се враќаат од оригиналната екипа - како Ред и Кити. Серијата, сместена во 1995 година, ќе ја следи новата генерација на Поинт Плејс, па ги вклучува и новодојдените Ешли Ауфдерхајд, Мејс Коронел, Максвел Аси Донован, Рејн Дој и Сем Морелос. Освен Кучер и Кунис, како „гости-ѕвезди“ ќе се појават и Грејс, Препон и Вилмер Валдерама. Датумите за прикажување сѐ уште не се соопштени.  си/

Остани поврзан