• среда, 13 ноември 2024

Се снима последната сезона на „Круна“

Се снима последната сезона на „Круна“

Лондон, 28 април 2023 (МИА) - Излегоа првите фотографии од долгоочекуваната шеста и последна сезона на серијата „Круна“. Приказната се пренесува во Шкотска на почетокот на ова илјадалетие. Принцот Вилијам (Ед Меквеј) е примен во Универзитетот на Сант Андрес, каде што се надева на помирен и понормален живот пред да ги преземе своите кралски должности. Таму ја запознава Кетрин - Кејт Мидлтон, неговата идна сопруга (ја глуми Мег Белами)...

Нетфликс потврди оти новата сезона на „Круна“ ќе се прикажува подоцна оваа година. Имелда Стаунтон ќе ја продолжи нејзината улога како кралицата Елизабета Втора. Се враќаат и Лесли Менвил како принцезата Маргарет, Доминик Вест (принцот Чарлс), Елизабет Дебики (како Дијана), Клаудија Харисон (принцезата Ана) и Оливија Вилијамс како Камила Паркер Боулс.

Берти Карвел ја презема улогата на Тони Блер, Селим До ќе го глуми Мохамед ал Фајед, а Калид Абдала - Доди Фајед. Руфус Кампа и Флин Едвардс ќе ги толкуваат принцовите Вилијам и Хари во раниот период, а Лутер Форд ќе ја преземе улогата на Хари во подоцнежните епизоди. си/ссм/

Фото: Твитер-објава.

Остани поврзан