Се смирија браќата од дуото „Оејзис“, најавени нови концерти
- Во соопштението се наведува дека наскоро ќе бидат објавени и концерти вон Европа.
Манчестер, 27 авгyст 2024 (МИА) - Британскиот поп-рок состав „Оејзис“ најави турнеја, првично ширум Обединетото Кралство и Ирска, откако браќата Лијам и Ноел Галагер се смирија по 16 години разделеност. Имено, во јули и август следната година, дуото ќе одржи концерти во Кардиф, Лондон, Манчестер, Единбург и Даблин. Билетите се во продажба од 31 август, а цената ќе биде објавена истиот ден.
„Немаше голем миг на помирување - само постепено сознание дека дојде времето. Пиштолите замолкнаа. Ѕвездите се порамнија. Чекањето заврши. Дојдете. Ова нема да се емитува на телевизија“, се наведува во соопштението.
Сепак, „Оејзис“ не планират да се вратат во студио и да снимаат нова музика. Се чини, и покрај тоа што не е на музичката сцена со години, популарноста на дуото од Манчестер не опаѓа - тие имаат повеќе од 20 милиони слушатели на „Спотифај“ месечно, а и „генерацијата З“ ги обожава.
Во соопштението се наведува дека наскоро ќе бидат објавени и концерти вон Европа.
Како што е познато, Ноел ја донел одлуката да го напушти составот пред 16 години, по тепачка со Лијам. Кавгата потоа се префрли и на интернет и во медиумите. си/рп/
Фото: Википедија