• вторник, 24 декември 2024

Се санира оштетената сообраќајна мрежа во Македонска Каменица

Се санира оштетената сообраќајна мрежа во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 19 ноември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица започна активност за санирање на оштетената сообраќајна мрежа на неколку локации во градот. Иницијативата, како што соопшти денеска градоначалникот Димчо Атанасовски, е дел од постојаните напори на Општината за подобрување на патната инфраструктура и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

- Започнувме со спроведување на завршните активности за санирање на ударните дупки на улица „Церска“, како и на останатите улици во населбата „Суво Маало“ во Македонска Каменица. Со оглед на приоритетната важност од добра мобилност и безбедност на граѓаните во сообраќајот, ве повикувам да пријавувате локации со слични оштетувања на локалната патна инфраструктура и во останатите урбани, приградски и рурални средини во нашата општина, истакна Атанасовски.

Пријавите од граѓаните за реализирање слична активност и во останатите делови на градот, како што додаде, ќе бидат внимателно разгледани и санирани во наредниот период. вс/бд/

Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан