• сабота, 09 ноември 2024

Се санира и уредува пешачката патека покрај брегот на Дојранското Езеро

Се санира и уредува пешачката патека покрај брегот на Дојранското Езеро

Дојран, 20 февруари 2024 (МИА) - Се санира и уредува пешачката патека покрај брегот на Дојранското Езеро во должина од пет километри од плажата „Калдрма“ во Нов Дојран до одморалиштето „Црвен крст“ во Стар Дојран, објави денеска градоначалникот Анго Ангов.

Како што напиша тој на неговиот фејсбук-профил, почнала реализацијата на проектот за расчистување, санација, уредување и поставување на нова урбана опрема на пешачката патека покрај брегот на Дојранското езеро.

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој и учество на Општина Дојран, а се спроведува преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.рт/ир

Фото: ФБ Анго Ангов

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан