• понеделник, 06 јануари 2025

Се санираше канал во Прилеп со средства од Министерството за животна средина

Се санираше канал во Прилеп со средства од Министерството за животна средина

Прилеп, 4 јануари 2025 (МИА) -Целосно е саниран каналот на потегот од прилепската улица Александар Македонски до градската река со што е саниран и решен децениски проблем во Прилеп. Проектот од 4,5 милиона денари го финансираше Министерството за животна средина и просторно планирање.

За санирање и зацелување на каналот во должина од 117,5 метри се поставени армирани и бетонски цевки со што се решава деценискиот проблем на тој потег од Прилеп.

-Останува, прилепската локална самоуправа да го доуреди земјиштето околу решениот проблем со каналот и се надевам дека за брзо време овој дел од градот ќе биде и целосно инфраструктурно уреден, изјави Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање на денешното означување на завршување на работите со урбанизирањето на Каналот.

Прилеп ја продолжува соработката со Министерството на проект поврзан со лековските извори на вода.

-Станува збор за проект од еден милион евра што опфаќа целосна реконструкција на цевководот до изворите. Цевководот изграден во 1946 година досега не бил реконструиран, рече Лашкоска.

Во општината заврши тендерот за изградба на Фабриката за отпад, финансиран од Министерството за животна средина. Станува збор за проект вреден 90 милиони денари.

Лашкоска упати апел до општините и до градот Скопје да аплицираат на повикот на Министерството за инфраструктурни проекти на крајот на јануари или на почетокот на февруари.

Според директорот на прилески „Водовод и Канализација“ Игор Гулабоски годинава ќе завршат проектите за канализационите системи за селата Селце и Лагово.

-Во селото Селце годинава ќе има целосно водоводна мрежа до манастирот „Свети Димитрија“, а за првпат откако постои во населеното место Лениште ќе се донесе вода за пиење преку водоводен систем, нагласи Гулабоски.ем/вг/

фото: МЖСПП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан