• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се реконструира старата и дотраена водоводна мрежа во велешкото село Мамутчево

Се реконструира старата и дотраена водоводна мрежа во велешкото село Мамутчево

Велес,12 март 2025 (МИА) - Службите на ЈКП „Дервен“ - Велес активни се на терен во селото Мамутчево, каде старата водоводна линија ја заменуваат со нова и се вршат приклучоци на домаќинствата.

- Со ова во голема мера ќе се подобрат условите за живот на жителите. Инвестициите во руралните средини се неоходни за рамномерен развој на Општината, информираат од Општина Велес.

Најавуваат промена на старата  водоводната мрежа и во други населени места во Општина Велес. ад/мд/


Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан