• четврток, 26 декември 2024

Се реконструира пешачката патека пред катната гаража „Судска палата“

Се реконструира пешачката патека пред катната гаража „Судска палата“
Скопје 22 март 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираат пешачката патека на булеварот „Гоце Делчев“ пред катната гаража „Судска палата“, соопшти Град Скопје. Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од 4 метри. На вкупна површина од 1200 квадратни метри се отстрануваат старите и оштетени плочки, а потоа овој потег ќе биде целосно асфалтиран. - Изградбата на нови велосипедски и пешачки патеки и обновување на постоечките патеки во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, и овие активности продолжуваат со иста динамика и во наредниот период, се вели во соопштението.сх/дма/

Остани поврзан