• недела, 24 ноември 2024

Се реконструира мостот кај село Ложани

Се реконструира мостот кај село Ложани
Струга, 16 декември 2020 (МИА) – Преку проектот „Мостови за подобро утре“, Општина Струга во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во земјава врши реконструкција на мостот во селото Ложани. Целосната реконстукција на мостот кај селото Ложани, предвидено е да заврши до крајот на јануари идната година. Од општинската прес-служба имформираат дека за реализација на проектот, чија цел е подобра и побезбедна комуникација за жителите, обезбедени се 30.000 евра. - Реконструираниот мост во село Ложани, кој беше дотраен и претставуваше опасност за движење, ќе обезбеди подобра и побезбедна комуникација, можност за развој на рурален туризам, уредена локација за риболов..., посочуваат од Општина Струга. Во рамки на проектот, предвидена е и санација на придружната инфраструктура, како цевки за водовод, кабли за електрична енергија и телекомуникациски услуги, која покрај мостот се носи до селото.сс/фф/

Остани поврзан