• четврток, 26 декември 2024

Се реконструира кракот меѓу две улици во близина на болницата во Куманово

Се реконструира кракот меѓу две улици во близина на болницата во Куманово
Куманово, 24 април 2021 (МИА) - Интензивно се реконструира кракот помеѓу улиците „11 Ноември“ и „11 Октомври“ во централното градско подрачје во Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од Општина Куманово. Надлежните очекуваат дека со поврзувањето на двете улици да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од Куманово во близина на градската џамија.
Претходно, општината објави јавен оглас за избор на компанија изведувач на градежните активности на која е избрана компанијата „Кооп Инженеринг ДОО Куманово“. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ, според објавата на електронскиот систем за јавни набавки е 4.734.396,00 денари.
Реконструкцијата на двете улици во овој централен дел на Куманово ќе овозможи да се намали метежот што често се создава кон болницата. Дел од улицата ќе биде еднонасочна за исклучување кон Бедиње. Поврзувањето на двете улици е опфатено во годишната развојна програма. Општина Куманово кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година ги отстрани времените објекти кои беа лоцирани на оваа подрачје, од кои најголемиот дел беа сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. На оваа локација имаше вкупно 24 времени објекти.ам/фф/

Остани поврзан