Се реконструира главниот цевковод за вода за пиење Страгово - Крњево, кавадаречко
- Во завршна фаза е реконструкција на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово - Крњево, со полиетиленски цевки во должина од 6,5 километри. Во рамки на проектот ќе се изгради и нова хлоринаторска станица, соопштија денеска од Општина Кавадарци.
Кавадарци, 16 февруари 2026 (МИА) - Во завршна фаза е реконструкција на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово - Крњево, со полиетиленски цевки во должина од 6,5 километри. Во рамки на проектот ќе се изгради и нова хлоринаторска станица, соопштија денеска од Општина Кавадарци.
Како што нагласија од локалната самоуправа, станува збор за прва реконструкција на овој дел од системот, по пуштање во употреба на системот за водоснабдување Лукар.
- Проектот е финансиран од Министерството за транспорт, а финансиската вредност е 20 милиони денари, додадоа од Општина Кавадарци. свд/бд/
Фото: МИА архива