• недела, 24 ноември 2024

Ќе се реконструира водоводната мрежа во Бојане

Ќе се реконструира водоводната мрежа во Бојане

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршиле увид во отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане во општина Сарај.

Како што информираат од Град Скопје, градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.

- Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишен проблем во овој дел од градот, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот, истакнала Арсовска. свс/бак/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан