• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се реконструираат улици во населба Ново Делчево

Се реконструираат улици во населба Ново Делчево

Делчево, 3 април 2025 (МИА) - Во Делчево денеска започна реконструкцијата на улици во населбата Ново Делчево.  Со проектот како што информираше градоначалникот на Општината, Горан Трајковски кој изврши увид во работите, опфатени се девет улицисо вкупна должина од 1940 метри.

-Ќе се реконструираат улиците Лика Чопова, Ленинова, Трст, Загребачка, Охридска, Осоговска, Пијанечка, 19 Октомври и Пиринска.  Средствата се обезбедени преку Министерство за транспорт со одлука за користење на средства за капитални дотации до ЕЛС за инфраструктурни проекти од областа на транспортот, и формираше Трајковски.

Со реализацијата на овој проект, како што додаде тој, населба Ново Делчево добива нов и модерен урбан лик . 

-Претходно во оваа населба изградивме комплетно нова водоводна мрежа, го заменивме уличното осветлување со лед енергетско-ефикасни светилки и сега со реконструкција на улиците влијаеме на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани кои живеат во една од најатрактивните населби во градот, додаде  Трајковски. 

Вкупната вредност на проектот е 11.953.239 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на работите е економскиот оператор ОСД Кирил од Скопје. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан