• петок, 22 ноември 2024

Се реконструираат просториите во Здравствен дом Тетово

Се реконструираат просториите во Здравствен дом Тетово

Тетово, 21 февруари 2024 (МИА) - Заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева го посети Здравствен дом Тетово каде се извршуваат интензивни градежни работи за реконструкција на објектите и просториите. Заедно со директорот Живе Алексовски и дел од докторите направија обиколка.

- Интензивно се работи за подобрување на условите преку реконструкција од донации, но и од сопствени средства на здравствениот дом. Директорот ме информираше, но исто така е и јас увидов сега дека се во завршна фаза реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е и реновирање на стоматолошките, рендген простории, како и просториите за школска вакцинација. Комплетно исто така се реновирани и просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории коишто ќе бидат наменети за административниот кадар на институцијата, изјави Манолева за медиумите.

Таа посочи дека Здравствен дом Тетово претставува еден позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и за работа на здравствените работници.

Сето тоа е важен дел од целокупното наше вложување во здравствениот систем. Преку инфраструктурното зајакнување на објектите во нашите здравствени установи, овозможуваме секако пред сè поквалитетни услуги за нашите граѓани, односно за пациентите кои доаѓаат во здравствените институции. Со заеднички заложби, морам да кажам дека продолжуваме и понатаму да го јакнеме јавното здравство со опрема, секако со кадар, но и она што е најнеопходно, можеби и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот сектор се инвестиции кон здрави идни генерации, посочи Манолева. ас/дма/

Фото:МИА

 
 

 

 
 

Остани поврзан