• недела, 24 ноември 2024

Се реконструираат повеќе улици во Велес и Велешко

Се реконструираат повеќе улици во Велес и Велешко

Велес, 20 октомври 2022 (МИА) - Во завршна фаза е реконструкцијата на улица „Трајче Петкановски" во населбата Превалец во непосредна близина на Велес.

Градежните зафати за бетонирање на оваа улица ќе завршат во следните неколку дена, а истовремено продолжуваат градежните активности на улица „Камка Тоцинова" во населбата Керамидна во Велес и улица „Димче Мирчев" во населба Дворови, информираат од Општина Велес.

Најавуваат дека градежните активности ќе продолжат и во наредниот период, за што во тек се тендерските постапки за реконструкција на две улици во село Сујаклари, реконструкција на улица „Андон Ќосето", два крака во сателитската населба на езеро Младост и за улицата „Киро Ќучук". ад/

Остани поврзан