• недела, 24 ноември 2024

Се расчистува патеката на кејот на Вардар кај новиот пешачки мост во Центар

Се расчистува патеката на кејот на Вардар кај новиот пешачки мост во Центар
Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) - Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар, околу новиот пешачки мост, кај зградата на Македонскиот народен театар, информираат од Град Скопје. Од Град Скопје потсетуваат дека овој дел од кејот, скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти, поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“. - Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат, стои во соопштението од Град Скопје. Оттаму информиарат дека на тој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал, а чистењето ќе продолжи и во наредните денови.ар/лв/

Тагови

Остани поврзан