• среда, 13 ноември 2024

Се разведува Касандра

Се разведува Касандра

Лос Анџелес, 20 октомври 2022 (МИА) - Венецуелската суперѕвезда Кораима Торес, можеби најпозната по сапунската серија „Касандра“, објави дека се разведува по 25 години в брак со колумбискиот глумец Николас Монтеро.

Веќе неколку месеци во медиумите низ Јужна Америка кружат гласини за разделба на глумците, но досега немаше официјална потврда. Во ново интервју, Кораима сепак призна дека има јаз меѓу неа и Монтеро, но дека тие двајца остануваат блиски.

Таа и Николас се венчаа 1996 година - две години откако се запознаа на снимањето на сапуницата „Соништа и огледала“. Двојката има син, по име Ману.  си/

Остани поврзан