• сабота, 21 декември 2024

Се проценуваат штетите од пожарите, во буџетските резерви има 100 милиони денари

Се проценуваат штетите од пожарите, во буџетските резерви има 100 милиони денари
Скопје, 19 август 2021 (МИА) – Се чекаат извештаите од терен за штетите од пожарите за да му се помогне на населението. Општинските комисии за проценка се на терен, некои веќе завршија со проценката и чекаат седници на советите за да ги усвојат и да ги достават до Владата, соопшти премиерот Зоран Заев. -За тоа имаме предвидено 100 милиони денари кои традиционално се буџетски резерви за оваа работа. Дополнително, веќе дадовме насока за проценка на штетите и очекуваме другата недела Национални шуми да ги достават извештаите, а истовремено дадовме насоки и за доопремување, рече Заев во гостување во Дневникот на ТВ Сител. Додаде дека есента ќе треба да се направи и масовно пошумување со садници на изгорените површини. -Уништени се стотици и стотици хектари, тоа се нашите бели дробови и треба час поскоро да ги возобновиме, додаде Заев. хс/вг/      

Остани поврзан