• вторник, 24 декември 2024

Се продава луксузниот остров Дрејк, во југозападна Англија

Се продава луксузниот остров Дрејк, во југозападна Англија

Плимут, 25 јyли 2024 (МИА) - Островот Дрејк, во близина на брегот на британската област Девон, којшто има приватна плажа, стари утврдувања и дозвола за изградба на луксузен хотел, е ставен на продажба.

Островот е наречен по англискиот морепловец Френсис Дрејк, кој оттаму отпловил низ светот во 1577 година. Имотот нема фиксна цена, но трошоците за реновирање се проценуваат на 25 милиони фунти, пишува „Скај њуз“ (Sky News).

Недалеку од градот Плимут, југозападна Англија, Дрејк долго време се користи за воена одбрана, а на продажба има и топови коишто сѐ уште се на истото место како и во 18 век.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан