• понеделник, 29 јули 2024

Се поставува сообраќајна сигнализација пред училиштата во општина Илинден

Се поставува сообраќајна сигнализација пред училиштата во општина Илинден
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Пред почетокот на новата учебна година деновиве на повеќе локации, особено пред училиштата во општина Илинден се врши поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учениците и учесниците во сообраќајот, информираат од општина Илинден. - Досега хоризонталната сигнализација обновена е пред ООУ „Ристо Крле” во Кадино, ООУ „Гоце Делчев” во Илинден, пред новото училиште во Илинден, на крстосницата која ги спојува улиците 2, 8 и 9, кај црквата во Марино. Во текот на утрешниот ден ќе биде обележана хоризонталната сигнализација кај ООУ „Браќа Миладиновци” во Миладиновци, а на улиците 7 и 2, односно кај новото училиште во Илинден, ќе биде поставена и вертикална сигнализација, стои во соопштението од општината. Дополнуваат дека локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со обнова на постојната и поставување на посовремена сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. ар/

Остани поврзан