• среда, 18 декември 2024

Се поставуваат типските куќи за ромските семејства во штипската населба Света Недела

Се поставуваат типските куќи за ромските семејства во штипската населба Света Недела

Штип, 13 декември 2024 (МИА) – Почна поставувањето на типските куќи во населбата Света Недела, а наменети за над 40 семејства кои живеат во објектите на старото Нервно одделение во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска изјави дека до крајот на годината ќе бидат поставени, со што станбеното прашање ќе биде решено на околу 260 лица.

-Од информациите кои ги имам од страна на операторот, се очекува следните недели да бидат поставени и веднаш штом ќе бидат поставени според временските прилики, некаде на почетокот на 2025 ќе бидат доделени на корисниците, рече Јорданов.  

Тој денеска најави и дека дополнително, со општински пари ќе бидат изградени уште седум типски куќи за семејства кои живеат во објекти по трасата на булеварот „Партизанска“ чија изградба е веќе во  финална фаза. Откако ќе се иселат станарите, објектите ќе бидат урнати и овој дел  целосно ќе се урбанизира.

 -И за овие седум објекти се планирани седум типски куќи, коишто ќе бидат сместени на оваа локација. Со ова булеварот „Партизанска“ ќе додаде нова вредност и да го урбанизира целиот тој потег и сите парцели наоколу да бидат соодветно уредени. Дел од нив ќе бидат зона за домување и за комерцијални намени, изјави Јорданов.

Изградбата на типските куќи за ромските семејства кои живеат во субстандарни услови е проект кој е финансиран од фондовите на ЕУ,  а чини околу 600.000 евра. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан