• среда, 20 ноември 2024

Се поставуваат патокази до семејните винарии во општина Кавадарци

Се поставуваат патокази до семејните винарии во општина Кавадарци
Кавадарци, 6 јули 2022 (МИА) - Се поставуваат патокази до семејните винарии во кавадаречка општина, информираа денеска од Здружението „Тиквешки семејни винарии". -Патоказите се обезбедени со финансиска помош од локалната самоуправа Кавадарци. Станува збор за 70 патокази до 30 семејни винарии. Со поставувањето ќе се придонесе за подобро информирање и наше наоѓање, како од домашните, така и од странските туристи, кои доаѓаат во Кавадарци. Исто така со поддршка на општината се обезбедени и направени повеќе од 40 илјади вински етикети, за нашите вина за 20 семејни  винарии, изјави за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. свд/рп/

Остани поврзан