• недела, 28 јули 2024

Се поставуваат нови садови за отпад во Крива Паланка

Се поставуваат нови садови за отпад во Крива Паланка
 Крива Паланка, 20 април 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец" од Крива Паланка врши замена на старите корпи за отпадоци поставени во централното градско подрачје. Поставени се десетина нови пластични садови за отпад во текот на денот, а активноста ќе трае и во текот на следните денови. - ЈП „Комуналец" изврши набавка на пластични садови за отпад од литри со сопствени финансиски средства, при што на повеќе локации низ градот се изврши замена на старите и оштетени садови со нови. Опфатен е потегот на главната улица „Св. Јоаким Осоговски" , реонот кај полициската станица, а оваа замена на старите садови со нови ќе трае и претстојните денови, изјави директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски. Вработените во секторот паркови и зеленило на јавното претпријатие деновиве вршат кастрење и кроење на дрвата од дрворедот долж главната улица, а редовно, се врши хортикултурно уредување на јавните површини во градот, засадување пролетно цвеќе и освежување на цветните декоративни форми на повеќе локации во градот, како и формирање нови. ид/цр      

Остани поврзан