• среда, 25 декември 2024

Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир

Се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир
Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Деновиве се поставуваат нови пешачки семафори на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти паркот во Чаир. Овие семафори се поставуваат на барање на граѓаните, бидејќи на оваа локација во минатото се случија поголем број сообраќајни незгоди, информираат од Град Скопје. Од Град Скопје дополнуваат дека поставувањето на семафорите треба да заврши во текот на наредната недела, доколку дозволат временските услови, а нивното пуштање ќе се реализира по целосното завршување на административните постапки со ЕВН и поставувањето на сите потребни електрични инсталации и броила. Тие потсетуваат дека заедно со ЈП „Улици и патишта“ во континуитет работат на одржување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници. - Изминатиов период, на барање на граѓаните, семафори беа поставени на крстосницата кај „Реплек“ во населбата Козле, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, на булевар Србија (кај полициската станица), а посебни тастери со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин се поставени на семафори на повеќе локации во градот, се наведува во соопштението на Град Скопје. ар/сп/

Остани поврзан