• вторник, 24 декември 2024

Се подобрува ситуацијата со повредените во Реал Мадрид

Се подобрува ситуацијата со повредените во Реал Мадрид

Мадрид, 18 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго изненадувачки ги обновил активностите со топка. Бразилецот ја заработи повредата на натпреварот против Осасуна и се очекуваше да биде надвор од терените пет до шест недели.

Сепак, според „Марка“, тој денеска бил на тренинг терените, со што ги зголеми надежите дека би можел да му биде на располагање на Карло Анчелоти за големата пресметка во Лигата на шампионите со Ливерпул следната недела.

Се вратија и Тибо Куртоа, кој пропушти повеќе од еден месец поради повреда и Лукас Васкез, кој исто така се повреди против Осасуна.

Белгискиот голман се очекува да се врати веќе оваа недела на средбата со Леганес во Ла Лига. дс

Фото: Архива

Остани поврзан