• четврток, 26 декември 2024

Се подобрува патната инфраструктура во делчевското село Вирче

Се подобрува патната инфраструктура во делчевското село Вирче
Делчево, 28 јули 2021 (МИА) - Во делчевското Вирче асфалтирана е една од најдолгите улици во селото. Улицата, како што информираа од Општината, има два крака и е во должина од 260 метри, а со нејзината изградба, како што додадоа, се решава голем инфраструктурен проблем во село Вирче. - Изградбата на оваа улица е децениско барање на жителите, бидејќи на овие улици се наоѓаат повеќе семејни куќи и други објекти, а жителите досега немаа соодветен пристап до нив, истакнаа од Општината. Изградбата на овој инфраструктурен проект е дел од пакетот инфраструктурни проекти вреден 9 милиони денари. -Проектот се реализира со средства одвоени од општинскиот Буџет, но и дополнителни средства од други фондови, кој ќе опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 км, додаваат од Општината. По завршувањето на работите во село Вирче, економскиот оператор ќе продолжи со асфалтирање и на новоизградената улица во село Стамер. вс/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан