• недела, 01 септември 2024

Се отстранува ризлата и се дезинфицираат кичевските улици

Се отстранува ризлата и се дезинфицираат кичевските улици

Кичево, 25 февруари 2021 (МИА) - Деновиве, вработените во ЈКП„ Комуналец“ Кичево, се ангажирани на отстранување на ризлата што беше фрлана на улиците и тротоарите пред две недели, за да нема пролизгување на сообраќајниците и безбедно движење на пешаците и потоа дезинфекција на улиците со натриум хидрохлорид.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ Кичево, Зенел Јонузи, потенцираше дека дезинфекцијата ќе се извршува секојдневно, за да се даде полн придонес во спречување на ширењето на ковид - 19.

- Акцијата ќе трае подолго време, а мал проблем ни создаваат и паркираните автомобили, под кои е невозможно да се отстрани ризлата, рече Јонузи.

Тој дополни дека откако ќе се подобри хигиената на улиците со отстранување на ризлата, ќе се пристапи и кон миење на истите, а во цистерните се става и средство за дезинфекција натриум хидрохлорид, кое помага да не се пренесува коронавирусот. Јонузи најави повеќе хортикултурни активности од средината на март. за/ар/

Остани поврзан