• среда, 25 декември 2024

Се омажи Лана Дел Реј

Се омажи Лана Дел Реј

Лос Анџелес, 27 септември 2024 (МИА) - Само еден месец откако јавноста дозна дека е во врска со 56-годишниот Џереми Дуфрен, пејачката Лана Дел Реј стапи в брак со него. Според западните медиуми, двојката си ги разменила заветите во заливите во Лујзијана, каде што Дуфрен ги води своите популарни мочуришни тури со пловила.

На снимките што ги објави „Дејли мејл“, Лана оди кон олтарот во раскошна венчаница, со букет в рака и коса врзана во кадраво опавче украсено со машна. Дуфрен е во црн костум. Свадбата и дочекот на гости се одржаа на јавно пристаниште, со маси под бел шатор. Сестрата на Лана, Керолин Грант и брат ѝ Чарли Хил-Грант, исто така, беа на венчавката.

На Лана ова ѝ е прв брак, а на Дуфрен втор. Тој е татко на две деца, а работи како капетан и водич во „Ербоут турс“ (Airboat Tours) - агенција што овозможува пловење со чамци низ мочуриштата на Луизијана, коишто патем, се природно живеалиште на алигатори, чапји, јастреби и други животни.

Како што се наведува, Џереми е голем обожавател на алигатори. Лана и Џереми се запознале во 2019 година кога таа била посетителка на една од тие обиколки на мочуриштата.  си/рп/

Фото: EПA

Остани поврзан